СООПШТЕНИЕ НА ЗАМАН МАКЕДОНИЈА ВО ВРСКА СО ПЕЧАТЕНОТО ИЗДАНИЕ

Весникот ЗАМАН Македонија повеќе од 25 години, следејќи ги универзалните вредности како што се мирот и културата на компромис, се стекна со симпатиите на сите страни од општеството.

Започнувајќи од минатата година, владата одлучи да додели субвенции на печатените медиуми поради состојбата во која се наоѓаат. ЗАМАН Македонија беше еден од 11 печатени медиуми кои добија субвенција, откако ги исполнија сите услови поставени од владината комисија.

Но, по доделувањето на субвенцијата, во јавноста се случи интересен развој на настаните. Колку за потсетување Турската Амбасада, прекршувајќи ги сите дипломатски конвенции и користејќи заканувачка реторика ја повика македонската влада да ја повлече субвенцијата. По ваквиот развој на настаните, ЗАМАН Македонија доброволно се откажа од помошта и веднаш ги врати срествата.

Како резултат на повеќекратните обиди за линч кон нашиот весник, редакцијата на ЗАМАН Македонија донесе одлука да стави крај на објавување на печатеното издание. Сакаме да ја информираме јавноста дека во наредните денови ќе ги објавиме последните изданија од весникот на турски и списението на албански јазик.

Имајќи ја предвид и насоката кон која се движи информативната дејност, ЗАМАН Македонија ќе продолжи да ја информира јавноста преку интернет порталите и социјалните мрежи.

По тој повод, најискрено им се заблагодаруваме на нашите верни читатели, кои одлучно го читаа весникот, без да подлегнат притисоците кои зачестија во последно време.

Особено им се заблагодаруваме на Здружението на новинарите на Македонија, Асоцијацијата за заштита на националните печатени медиуми и и сите медиуми кои нѝ дадоа силна поддршка при последните настани.

Исто така најискрено им се заблагодаруваме на сите влади на Северна Република Македонија кои 25 години нѝ овозможуваа да работиме слободно, почитувајќи ја нашата медиумска слобода.

Директор & Главен уредник: Мемет Емин Чобан

Please publish modules in offcanvas position.