Најмалку 40 загинати во престрелката во две џамии во Нов Зеланд

Најмалку 49 загинати во престрелката во две џамии во Нов Зеланд

Премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн изјави дека најмалку 49 луѓе загинале во престрелката во две џамии, што се случи во градот Крајстчрч. Ова е еден од најтемните денови во историјата на Нов Зеланд. Она што се случи овде е досега невиден чин на насилство, истакна премиерката Ардерн.

 

Таа додаде дека повеќе од 48 лица се ранети, од кои повеќето со сериозни повреди.

По престрелката чeтири мажи и една жена се уапсени.

Полицијата потврди дека има „значителен“ број жртви, но не го прецизира нивниот број. Во соопштение наведува и дека откриле неколки импровизирани експлозивни направи оставени под автомобили.

Маж, кој презел одговорност за нападот, оставил антиимигрантски проглас на 74 страници, во кој објаснува кој е и какви се причините за нападот.

Please publish modules in offcanvas position.