Брок: Преговорите со Северна Македонија треба да започнат

Европратеникот од германската ЦДУ, Елмар Брок, за МИА изјави дека преговорите за членство во ЕУ со Северна Македонија треба да започнат, јави дописничката на МИА од Брисел.

Тој ова го изјави непосредно пред почетокот на дебатата за извештаите за проширување, каде Македонија очекува повторно препорака за датум за преговори со ЕУ.

Брок, сепак, призна дека конечната одлука која треба да ја донесат земјите членки на Унијата би можела да биде одложена за некој месец.

-Владите имаат други работи поради ситуацијата во која се наоѓа ЕУ, не можам да кажам точно дали ќе биде јуни или септември, но треба да започнеме преговори со Северна Македонија позитивно сега кога спорот за името е решено, изјави Брок.

Во овој момент еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, ги презентира извештаите пред европратениците. За Македонија и Албанија се очекува безусловна препорака за старт на преговорите.

Please publish modules in offcanvas position.