Република Северна Македонија денеска и официјално станува полноправна членка на НАТО

Во Стејт департментот преку Амбасадата на Република Северна Македонија во Вашингтон денеска ќе се депонира инструментот за ратификација на Северноатлантскиот договор.

По тој повод министерот за надворешни работи Никола Димитров, како што соопшти владината прес-служба, ќе има „видео средба“ со амбасадорот Филип Рикер во 16:30 часот, по која ќе следи соопштение и изјава за медиумите.
Изјава за медиумите ќе има и заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска со почеток во 17:00 часот.

Средбата и изјавите на министерот за надворешни работи Никола Димитров и амбасадорката на Соединетите Американски Држави во нашата држава, Кејт Мери Брнз ќе може да ги проследите на следниов линк: https://youtu.be/6quy_InfMsQ

Изјавата на министерката Шекеринска ќе имате можност да ја проследите на следниов линк: https://youtu.be/SgE69qKxzlg