Спасовски: Повредениот полицаец со тешки повреди на черепот, но контактибилен

Повредениот полицаец кој настрада при обид да спречи нелегална трговија со дрвја е во тешка состојба со скршеници на черепот и коските на лицето, информираше на денешната прес конференција министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Како што кажа тој, полицаецот е контактибилен, но во сериозна здравствена состојба.

„Јасно порачуваме дека овие насилници коишто удрија врз полициските службеници ќе одговараат. Очекувам брза постапка и од Јавното обвинителство и тоа без калкулации. Заедно да придонесеме насилниците да одговараат“, рече Спасовски.

Првиот човек во МВР информираше дека во врска со инцидентот се приведени четири лица и оти има уште 10 осомничени дека учествувале во него.