Фетулах Ѓулен силно го осуди обидот за државен удар во Турција

Фетулах Ѓулен силно го осуди обидот за државен удар во Турција

Фетулах Ѓулен, го осуди најкатегорично синоќешниот обид за државен удар, пренесе агенцијата Мухабир Ажанс.

-Владите, треба да се променат преку процесот на слободни и фер избори, а не со употреба на сила. Најостро го осудувам обидот за воен удар – нагласува Ѓулен.

Ѓулен ја даде следната изјава за последните случувања во Турција која беше објавена објавена од страна на Алијансата за заеднички вредности (AfSV):

„Ги осудувам, во секоја смисла на зборот, обидот за воен удар во Турција. Владите, треба да се променат преку процесот на слободни и фер избори, а не со употреба на сила. Се молам на Бога за Турција, за турските граѓани, како и за сите оние што во моментов се наоѓаат во Турција дека овoj проблем ќе се реши на најбрз и мирен начин.

Настрадав во сите воени удари во последните 50 години и се наоѓам особено навредено да ме обвинуваат дека имам некаква врска со таква иницијатива. Категорично ги отфрлам овој тип на клевети.“