Фетулах Ѓулен: Пучот да го истражува меѓународна комисија, однапред го прифаќаме исходот

Фетулах Ѓулен: Пучот да го истражува меѓународна комисија, однапред го прифаќаме исходот

Фетулах Ѓулен сосема на јасен начин ги отфрли обвинувањата на Турските власти кои го држат за одговорен за обид за државен удар.

Ѓулен рекол дека никогаш немал позитивен поглед за воените интервенции и додал дека „Пучот да го истражи меѓународна комисија, однапред го прифаќаме исходот“, пренесува турскиот весник „Јени Хајат“.

По обидот за воен удар кој се случи на 15-ти Јули, Фетулах Ѓулен, ги одговараше прашањата на водечките светски медиумски организации – Њујорк тајмс, Фајненшал тајмс, Скај њуз и Гардијан.

Ѓулен, обвиненијата против него во врска со државниот удар во Турција ги оквалификува како „клевета“. За да се испита кој стои зад оваа повика да се формира меѓународна комисија.

-Навистина ако има такво тврдење, оваа прашање нека го истражува меѓународна организација. Според тоа да се одлучи, дали има или не. И да биде лага, дури да се даваат пари на лажни сведоци за да се потпишуваат на лист хартија за клевета, подготвен сум да го прифатам резултатот – изјави Ѓулен.