Од утре до 20 април во земјава ќе има полициски час од 20 до 5 часот наутро

Од утре до 20 април во земјава ќе има полициски час од 20 до 5 часот наутро

Мерките против Ковид 19 се заострени. Владата го усвои предлогот на Комисијата за заразни болести полицискиот час да започне од 20:00 до 5:00 часот наутро, додека од среда ќе се затворат кафулињата, угостителските објекти, клубовите, фитнес центрите, обложувалниците и одржувањето на семинари и конференции.

Според министерот за здравство, Венко Филипче, оваа мерка ќе трае до 20 април и има за цел да ја контролира пандемијата пред верските празници што следат.

Претседателот на КЗБ, Жарко Караџоски, вели дека епидемиолошката состојба е неизвесна и дека овие мерки првично имаат за цел да го смират ширењето на пандемијата и да го заштитат медицинскиот персонал. Според него, во 5 градови Р факторот е помеѓу 0,9 и 1,84, додека во другите градови претставува полесна епидемиолошка слика.

Минатата недела земјата забележа околу 8.000 нови случаи на Ковид-19 и 265 починати. Во моментов има над 20.000 активни случаи.