Стотици граѓани постари од 70 години денес вакцинирани со вакцинатa на „Фајзер“

Стотици граѓани постари од 70 години денес вакцинирани со вакцинатa на „Фајзер“

Стотици граѓани постари од 70 години денес беа вакцинирани со „Фајзер“ во А1 арената во Скопје. 

Во моментот оваа вакцина се дава само на оваа локација, додека во следните денови се очекува да биде дистрибуирана и на други места за вакцинирање. Граѓаните велат дека се чувствуваат безбедно по вакцинирањето.

Други десет илјади дози вакцина Фајзер Бионтек се очекува да пристигнат во земјата на 26 април, а 200 илјади кинески вакцини треба да се достават до крајот на месецот, односно најавата е за на 28 април. Досега вакцинирани се над 43 илјади граѓани, додека околу 189 илјади други се пријавиле да се вакцинираат.