Ѓулен: „Ќе се вратам во Турција, ако...“

Ѓулен: „Ќе се вратам во Турција, ако...“

Фетулах Ѓулен напиша напис за францускиот весник Ле Монд. Во својот напис во францускиот „Ле Монд“ Ѓулен изјавува: „Се обраќам со отворен повик до турските власти и им ветувам целосна соработка. Инсистирам истрагата за обидот за државен удар да се врши од независна меѓународна комисија. Доколку се утврди и една десетина од обвиненијата против мене се оправдани, спремен сум да се вратам во Турција и да издржувам најтешката казна.“ –Еве го целиот тој напис.

Турција, со обидот за државен удар кој се случи ноќта на 15 јули го доживе најголемата катастрофа во неодамнешната историја, се врати од работ на бездната. Со најостар јазик може да се нарече терористички удар за она што се случи таа вечер. Со оглед на тоа дека воените интервенции останаа во минатото, турското општество со сите негови сегменти демонстрирајќи заеднички став против обидот за државен удар покажа дека стои на страна на демократијата.

По само 20 минути од почетокот на обидот на овој предавнички удар, во моментот кога дури се уште не се открија сторителите на ицидентот, г-нот Ердоган лично ме обвини. Претходно пред да се појават деталите од настанот и без да се знае кој и зошто го направил, толку брзо, да се прогласи виновникот е размислувачки. Настрадав во многуте воени удари во последните 50 години и се наоѓам особено навредено да ме обвинуваат дека имам некаква врска со таква иницијатива. Овие обвинувања децидно ги негирам.

17 години доброволно живеам повлечен живот во едно мало село во САД. Тврдењето дека сум ја убедил 8-та најголема армија на светот да врши државен удар против сопствената влада, дури од 10 илјади километри оддалеченост, е клевета која е далеку од уверливост и всушност не наиде на прифатливост на светската јавност. Ако меѓу учесниците на пучистичка хунта има војници што се идентификуваат себеси како симпатизери на движењето Хизмет, за мене, тие луѓе со учествување во таков обид - каде што животи загубија свои граѓани се предавници кои го поткопаа единството и интегритетот на земјата, ги кршеа сите вредности што сум ги бранел цел мој живот и доведоа стотици илјади невини луѓе да бидат жртви.

Доколку има такви кои останале под влијание на интервенционистичките тенденции на одделен дел на војската, и овој рефлекс ги ставиле пред вредностите на услугите, што не мислам, нивните грешки не можат да му се припишат на целото движење. Ги оставам на Бога да им пресуди.

Никој, ниту јас ниту кој било друг, не е над правото. Сакам сите виновници на пучот, од која определба и да се, да бидат осудени на казните што ги заслужуваат во рамки на праведен процес – фер судење. Меѓутоа, од октомври 2014 правосудниот систем е под контрола на власта и веројатноста процесот да биде праведен е речиси нула. Затоа повикувам на формирање на меѓународна комисија и во повеќе наврати најавив дека доброволно ќе ги прифатам нејзините исходи.

Во текот на 50-годишната историја, учесниците на ова движење, не се вклучиле ниту на еден чин на насилство, и иако биле изложени на - ако се каже според зборовите на Ердоган што отворено го користи во последните 3 години – „лов на вештерки“, никој пат не се симнале на улица и не се спротиставиле на безбедносните сили. Движењето хизмет веќе 3 години стенка под систематска кампања на омраза и државно угнетување, но, сепак на тоа, во рамките на ограничувањата утврдени со закон ја примениле легитимната самоодбрана и своите права ги барале само преку правните патишта.

3 години, на начин без преседан во историјата на Република Турција, се мобилизирани сите безбедносни сили и целото судство за да го открие наводно „паралелната структура“ за што тврдат дека го режирам. Владата исто така и корупциските истраги во 2013 го опиша како обид за државен удар организиран од страна на моите симпатизери во бирократијата, но во овој момент, и покрај апсењата на 4.000 лица, отпуштања од работа на десетици илјади луѓе, конфискување на илјадници установи и компании на незаконски начин, не се најде дури и еден доказ кој би ги поткрепил овие тврдења. Во мај 2013, тогашниот премиер, веројатноста да се сретне со мене кој го спореди како божја дар, по истрагата за корупција во мегданите за приврзаниците на ова движење почна да го користи јазикот на омраза, изрази која вклучува од вампири кои цицат крв до „хашхаши“- убијци.

По предавничкиот државен удар од 15 јули нападот стана па дури и повеќе неподнослив. Турската влада, мене и симпатизерите на Хизмет, на систематски начин не отсликува со изразите како „вируси и клетки на рак кои треба да се исчистат“. Стотици илјади луѓе кои едно време на некој начин дале поддршка на институции и здруженија за кои ги поттикнал ова движење, се прикажуваат како не-човечки суштества. На овие луѓе им се одземаат имотите, се замрзнуваат банкарските сметки и се откажуваат пасошите за да сречат нивниот излез во странство. Стотици илјади семејства преживуваат тешка хуманитарна драма, како резултат на еден страшен „лов на вештерки“. Се одрази во медиумите дека приближно 90 илјади луѓе се отпуштени од нивната професија и меѓу нив се 21.000 наставници на кои им се одземени лиценците. Што сака владата? Да ги изгладни тие луѓе кои повеќе не можат да си ја работат професијата и не можат да ја напуштат територијата на која живеат? Каква е воопшто разликата во однос на предгеноцидните мерки од европската историја?

Ги видов сите воени удари во Турција, како и целиот турски народ во сите доживеав големи страдања. По ударот од 12 март 1971 со одлуката на хунтата ме фрлија во затвор. На државниот удар од 12 септември 1980 година се донесе одлука за апсење, 6 години бев во бегство. По воениот удар на 28 февруари 1997 година против мене се покрена обвинение од „невооружена терористичка организација составено од едно лице“ и се побара смртна казна. Во периодите на воена репресија три пати беше поднесена тужба со обвинение за „лидерство на теористичка организација“. Од сите овие случаи бев ослободен. Вчера бев на мета на воени власти со авторитарен пристап, додека денес многу повеќе на незаконски начин сум изложен на истите обвиненија од страна на цивилен автократски режим.

Во минатото, воспоставив пријателски односи со лидери од различни политички погледи на кои им дадов сесрдна подршка на нивните добри практики, како што се почитуваниот Тургут Озал, почитуваниот Сулејман Демирел и почитуваниот Булент Еџевит. Од нив наидов на почит, особено поради придонесите на движењето Хизмет во образованието и оштествениот мир. Иако секогаш се дистанцирав од Политички ислам, ги ценев и Ердоган и лидерите на партијата АКП поради демократските реформи кои ги направија во првиод период на нивното владеење. Меѓутоа, во секој период од мојот живот бев против на интервенцијата на војската во политиката и воените пучеви. Пред 22 години кога реков дека „Нема враќање назад од демократијата и секуларизмот.“, во тоа време бев изложен на навреди од страна на политичките исламистички кругови блиску до денешната владеачка партија кој се противеше на овие вредности. Како што беше вчера така и денес стојам зад моите зборови.

Се објавени повеќе од 70 книги што се должи на статиите што ги напишав и проповедите што ги дадов 40 години, и истите се јасно видливи. Во нив, не може да се сретне ни на најмал исказ кој допушта на идеја за пуч, напротив, се обработуваат универзалните човечки вредности кои ја сочинуваат основата на демократијата.

Спасението на Турција лежи во продлабочување на демократската култура и интернализација на државната власт базирана на заслуги. Ниту воен удар, ниту пак цивилното автократско управување е решение.
За жал, опозициските медиуми во земјата, или се затворени или се ставени под старателство, еден важен дел од турските граѓани во однос на масовно бомбардирана пропаганда верува на тврдењата дека сум извршителот на 15-ти јули. Но, светската јавност кој има пообјективен поглед кон настаните, многу јасно му е дека тоа што се случува е дека владеачката власт со напори да го зголеми моќта под изговор на лов на вештерки.

Се разбира дека, не е важно она што мисли мнозинството, туку вистините што ќе произлезат како резултат на фер судење. И јас, и десетици илјади луѓе кои сме изложени на такво сериозно обвинување, секако дека, поминувајќи низ праведен судски процес сакаме да го исчистиме нашето име и да бидеме ослободени од вина. За жал, особено од 2014 година, поради воспоставување на политичка контрола врз судскиот систем, како на мене така и на обвинетите симпатизери на Хизмет им е одземено правото да бидат прогласени за невин. Затоа, се обраќам со отворен повик до турските власти и им ветувам целосна соработка. Инсистирам истрагата за обидот за државен удар да се врши од независна меѓународна комисија. Доколку се утврди и една десетина од обвиненијата против мене се оправдани, спремен сум да се вратам во Турција и да издржувам најтешката казна.

Доброволците на ова движење од целиот свет, 25 години се следат од страна на стотици влади, разузнавачки агенции, истражувачи или независни актери на граѓанското општество и не се сретнало на било каква незаконска активност. Поради оваа причина, многуте земји не ги земат сериозно во предвид тезите на турската влада во врска со движењето на Хизмет.

Најголемата карактеристика на движењето Хизмет е што не целат на политичка моќ, наместо тоа се во потрага по решенија за проблемите кои се закануваат на иднината на општествата и за проблемите кои бараат долгорочни напори. Во периодот кога исламската географија се спомнува со тероризам, крв и заостанатост, се фокусира на обучување на генерации - образовани и отворени на дијалог, на начин кој активно придонесува на општеството во кое живее. Во она што верувам дека најголемите проблеми на ова географија се незнаењето, раздорот и сиромаштијата, на оние кои ме следат постојано им препорачував „место џамии или курсеви за учење на коран, отворете училишта“. Приврзаниците на движењето Хизмет, не само во Турција, од Азија до Африка во 160 земји во светот спроведуваат активности во сферите образование, здравство и хуманитарна помош. Најважната карактеристика на овие активности е дека што не се само за муслиманите, туку е напор да им понуди истите услуги на луѓето од сите вери и етникуми. Отворија средни училишта за девојчиња во најтешките региони на Пакистан, продолжија да дават настава во Централноафриканската Република во периодот кога се соочи со граѓанска војна. Кога Боко Харам во Нигерија го држеше девојчињата во заложништво, приврзаниците на Хизмет отворија училишта да се едуцираат девојки. И во Франција и во светот каде што се зборува францускиот јазик, ги охрабрив луѓето кои ги делат моите идеи да се борат против групите кои се залагаат за концептот радикален ислам како и официјалните власти на земјата да ја подржат во оваа борба. Муслиманите кои живеат во овие земји, сакав да произведуваат додадена вредност за општеството во кое живеат и да бидат поединци со слободна волја кои со нивните придонеси ќе станат главна тема на разговор. Со терористичките напади кои го валкаат сјајното лице на исламот терористичките организации како што се Ал-Каеда, ИСИЛ, дури на сметка да бидам изложен на закани во повеќе наврати ги преколнив. За жал, турската влада, овие луѓе кои немаат било каква вмешаност во крвавиот терористички напад на 15 јули, категорично стоеле против насилство и школите отворени од нивна страна ги жали на светските влади. Ги повикувам сите светски влади да не го сфатат сериозно овие неосновани тврдења и да ги отфрлат ирационалните барања.

Всушност, турската влада, го прогласи движењето Хизмет за терористичка организација со донесување на политичка одлука преку кој затвори институции т.е. училишта, болници и хуманитарни здруженија. Десетици илјади приврзаници на Хизмет кои се приведени и уапсени се професори, претприемачи, доктори, академици или новинари. Против овие стотици илјади кои се жртви на лов на вештерки, не се најдени докази кои ќе ги обвинат ниту како подржувачи на пучот ниту пак со некакво дело на насилство.

Е невозмошно да се објасни како воспоставување на врска со пучот актите како што се палење на културен центар во Париз со подметување на пожар, држење во притвор на болни новинари без да се поведе грижа на нивните здравствени состојби, затворањето на 35 болници како и хуманитарната организација Кимсе Јок Му, доколку не бидат најдени во нивните адреси лицата кои се бараат наместо нив да се земат како заложник членовите на семејствата, 1.500 академици да се принудат за да дават оставка. Се чини дека власта покажувајќи го себеси дека е насочен спрема приврзаниците на Хизмет, од една страна ги чисти сите оние од државните органи за кои мисли дека нема да покажат верност и од друга страна се обидува да ги заплаши организзциите на грашанското општество. Во извештаите на Амнести интернешнл се покажа дека тортурата и кршењето на човековите права се морничави. Ова е хумана драма.

Од аспект на обидот за државен удар на 15 јули кој неуспешно заврши и антидемократската интервенција извршена против владата кој дошол на власт преку избори како и неговата спреченост со подршка на народот е настан од историско значење. Сепак, спреченоста на пучот не е доволно за победата на демократијата. Ниту доминацијата на едно малцинство, ниту пак на мнозинството и како резултат на ова ниту угнетувањето на малциството ниту пак автократноста на избраните, не е вистинска демократија. Не може да се зборува за демократијата без основните човекови права и слободи, особено без владеењето на правото, поделбата на власта, слободата на изразување. Вистинска победа за демократијата во Турција е можно со повторно оживување на овие основни вредности.


Ле Монд (11 август 2016)