Ниту втора доза вакцина засега нема да нè куртули од носењето маски

Вакцинацијата на граѓаните со две дози против ковид не значи отстранување на маските. Оваа мерка останува во сила барем следните две недели. И граѓаните кои примиле две дози, треба да носат маски како и сите други во согласност со сегашните мерки за отворена и затворена просторија.

Но, вакцинираните не секогаш ќе имаат привилегии и за време на медицински прегледи. Иако министерот Филипче рече дека имунизираните пациенти со две дози можат да прават операции дури и без тестови за откривање на корона, од друга страна Центарот за јавно здравје во Скопје рече дека оваа мерка не може да се примени. Директорот Бесим Зеќири објасни дека треба да се прават брзи анализи на антиген на кој било детален медицински преглед за да се заштити медицинскиот персонал и другите пациенти.

„Но, мое лично мислење е дека ПЦР-тестот е потребен со цел да се откријат оние многу ретки случаи кои можат да бидат позитивни дури и по имунизација со вакцината или по прележување на болеста. На кратко, ова лице, ако е носител, може да го пренесе вирусот на медицинскиот персонал, кај други пациенти и на тој начин да има ширење на вирусот или размножување и тоа е непожелно, особено за болниците.

За разлика од нашата земја каде што во моментов има над 10 илјади активни случаи, некои други држави ги ослободија од задолжителното носење маски граѓаните кои примија две дози на вакцината.