По труењето во Брвеница, водата за пиење забранета и во Фалиште и Сараќино

По труењето во Брвеница, водата за пиење забранета и во Фалиште и Сараќино

Последниот случај на труење на жителите на Брвеница со вода во селото Брвеница го вклучи алармот и во неколку други села за да побараат анализа на водата за пиење. Поради големи неправилности, водата за пиење е веќе забранета и во две други села, Фалиште и Сараќино. 

Директорот на Центарот за јавно здравје во Тетово, Ратко Давидоски, вели дека при теренска контрола наидуваат на скршени цевки и оштетени акумулации што претставуваат потенцијален ризик за квалитетот на водата.

Давидовски од Јавните претпријатија бараат почести контроли и подобро одржување на акумулациите и пумпите за вода.

Најголемите проблеми со водата за пиење се појавуваат во полошките села кои не им дозволуваат на јавните претпријатија да се грижат за водоводот, па наместо тоа ваквата активност ја преземаат самите локални заедници.