Не се воведуваат рестриктивни мерки на границата

Не се воведуваат рестриктивни мерки на границата

Нема нови случаи со делта видот на корона вирусот. За четирите лица од Тетово, сè уште се чекаат резултатите за да се потврди дали кај нив е откриена мутација на „јужноафриканскиот вирус“. Министерот за здравство Венко Филипче рече дека очекува известување од МАНУ за четирите сомнителни случаи.

Со „делта“ видот досега се регистрирани десет случаи во земјава. Сепак, ова не претставува ризик за властите за влошување на состојбата. Воведувањето на рестриктивните мерки, на границите, не е потребно во моментот.

Во последните 24 часа, регистрирани се 13 нови случаи на Ковид 19 од 3404 тестови. Бројот на активни случаи на државно ниво е 172 додека во многу градови има нула активни случаи, инаку категоризирани како „бели области“.

Од понеделник започнува теренската вакцинација на граѓаните. Секој граѓанин кој сака да се вакцинира може да оди на пунктовите за вакцинација без термин. Со ова се очекува значително да се зголеми бројот на имунизирани во земјата. Вакцинацијата на деца од 12 до 16 години ќе започне во понеделник. Досега се вакцинирани 240.651 лица со две дози.