Одбележани 58 години од катастрофалниот земјотрес

Одбележани 58 години од катастрофалниот земјотрес

Скопје ја одбележува 58 – годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди градот на 26 јули 1963 година, во 5 часот и17 минути наутро.

20 секунди беа доволни за да се загубат животите на над илјада луѓе. 15,800 станови се урнаа поради потресот со јачина од 6,1 степени, а 28.000 беа оштетени. Над 20.000 лица останаа без покрив над главата. „

Денот на сеќавање на земјотресот во Скопје е исто така ден кога изразуваме голема благодарност до сите оние кои со љубов и солидарност учествуваа во споделување на болката со преживеаните и кои учествуваа во реконструкцијата на градот. Скопје стана град на солидарност, место каде беа обединети пораки и молитви за поддршка и споделување на болка“, се вели во пораката на премиерот Зоран Заев по повод сеќавањето од 58 – годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје.