После 16 август ќе нема свадби на затворено

После 16 август ќе нема свадби на затворено

Угостителските објекти регистрирани за забави ќе имаат една недела за да се реорганизираат, да откажат или да ги одложат термините за свадби. Затоа, ограничувањата што Владата ги одобри синоќа, ќе стапат во сила на 16 август за целосна забрана за организирање свадби и други масовни собири во затворени простории.

Министерот смета дека усвојувањето на мерките не е задоцето, иако некои експерти сметаат дека доколку земјата ги донесеше пред еден месец, немаше да дојде до ваков брз раст на бројот на новозаразени.

Од 16 август за влез во сите затворени објекти, вклучително хотели, културни и спортски настани, забави, концерти, семинари, обуки, работилници и конференции каде има повеќе од 30 лица, граѓаните над 18 години ќе мора да покажат сертификат за вакцинација, барем со една доза. Во внатрешните простории на угостителските објекти ќе не смее да има повеќе од 30% од капацитетот, а на една маса ќе смее да седат до 4 лица.

Мерките доаѓаат откако земјава почна да бележи раст, а бројот на активни случаи од околу 130 достигна до 2.000. Тетово останува најкритично. Таму во моментов има 572 активни случаи, а над 45 лица се хоспитализирани. Клиниката за инфективни болести во Скопје од денеска подготви дополнителни простории за прием на пациенти од Тетово. Вкупниот број на хоспитализирани во целава земја е околу 150. Околу 90% од нив не биле воопшто вакцинирани, а останатите 10% се пациенти кои имале примено вакцина и нивната состојба е стабилна.