Ветрот го шири пожарот во беровско

Ветрот го шири пожарот во беровско

Ветрот не дозволува гаснење на пожарот во беровско-пехчевскиот регион.

„Пожарот кој беснее во атарот на село Будинарци од силниот ветер се шири кон атарот на село Мирашинци каде гори борова шума“, информира ЦУК.

Во пожарот во делчевско се појавиле нови жаришта, но пожарот е ставен под контрола.

Денеска избувнал пожар кај штипското село Драгоево, а пожарот кај Богословен повторно се разгорел.

Пожарот на потегот Раовиќ – Буковиќ во скопски Сарај се движи кон сртот и нема опасност за селата, информира ЦУК. Пожарот е на непристапен терен.

Од воздух се гаси пожарот кај Катланово, но тој е се уште активен.
Имало пожар и на Китка.

Пожарот кај Џидимирци е локализиран и не се шири. Денеска и тука било гасено од воздух.

Во прилепско имало два пожари. На потегот Дрен – Смолани и кај село Топлица.