Најавените високите температури дополнителен ризик за проширување на пожарите

Најавените високите температури дополнителен ризик за проширување на пожарите

Во Македонија има голем број активни пожари, но во моментов опасност не им се заканува директно на жителите на селата кои се во близина на пожарите.

Центарот за управување со кризи известува дека во текот на изминатите часови успеале да го контролираат пожарот во делчевскиот регион кај селото Нов Истевник и да го изгаснат пожарот во Штип кај селата Селце и Драговец. Утрово во Велушина, Битола беше активен пожар и сѐ уште не е целосно локализиран.

ЦУК известува дека има активни пожари во пехчевскиот регион во селото Будинарци, во скопски Сарај и меѓу селата Раховиќ, Буковиќ и Ласкарце. Исто така во Петровец во местото викано Крушје, изгорена е мешана шума. Пожарот предизвикан синоќа во Старо Нагорипчане меѓу селата Дрењак, Жублиња и Алинче, се уште е активен. Активен пожар има и во прилепскиот регион во селото Топлица и тоа на три локации.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека синоќа, во Дебар, уапсиле 60 – годишно лице, осомничено дека предизвикало шумски пожар. Додека од ЦУК велат дека високите температури во наредните денови, продолжуваат да бидат дополнителен ризик пожарите да се прошират понатаму, но и да предизвикаат нови пожари. Затоа, тие додаваат дека најдобри превентивни мерки против пожарите е забраната за одење во шума, да не се фрлаат отпушоците од цигари и да се внимава максимално. ЦУК, исто така, го претстави новиот систем НИКС, кој е специјален систем за итна команда.

Со овој систем, членовите на ЦУК, преку екран ќе ги проверат сите податоци, ќе видат на кои места има активни пожари и каков е нивниот интензитет. Тие исто така ќе можат да видат каде е изгаснат пожарот, каде има ризици од реактивирање, како и други информации.