За невакцинираните се спрема забрана за влез во кафулиња и ресторани!

За невакцинираните се спрема забрана за влез во кафулиња и ресторани!

Почнувајќи од 16 август нема да можете да седнете на кафе или ручек, доколку не сте вакцинирани.

Изборот на клиентите во угостителските капацитети, како внатре, така и надвор е една од мерките на владата да ја стимулира имунизацијата на населението, но и да го спречи ширењето на заразата. Во секое кафуле или ресторан ќе мора да има лице за спроведување на мерката кое ќе бара од гостите да му покажат потврда за вакцинација. Исклучок од тоа ќе бидат објектите во кои има помалку од 30 гости. Министерот за економија, Крешник Бектеши вели дека во меѓувреме, работењето во внатрешните простории ќе биде целосно прекинато.

„Лицето одговорно за воспоставување ред нема да оди да бара сертификат, туку при влегувањето во угостителскиот објект, услугите за воспоставување на ред поставени од сопствениците и менаџерите, треба да покажат сертификат или потврда за вакцинација. Се разбира, Пазарниот инспекторат, во согласност со своите надлежности, ќе изврши увид во сите гастрономски капацитети дали работат во согласност со мерките.“

Во меѓувреме, Инспекцискиот совет денеска ги доби владините директиви за тоа како да се спроведат новите протоколи во угостителските капацитети од 16 август. Од Државниот пазарен инспекторат велат дека за време на сезоната на семејни забави ги засилиле инспекциите, но не изрекле казни.

Викендов Владата донесе нови мерки за спречување на ширењето на коронавирусот кои ќе почнат да се применуваат од следниот понеделник. Тие, меѓу другото, предвидуваат целосна забрана за сите видови настани и работа на угостителски објекти во внатрешноста и задолжителен сертификат за вакцинација, барем со една доза при влез на настан или објект со повеќе од 30 лица. Слични мерки се спроведуваат во Данска, Австрија, Унгарија, Грција, Италија, Франција и САД.