Стапија во сила новите рестриктивни мерки, за влез на кафулиња треба потврда за вакцинација

Стапија во сила новите рестриктивни мерки, за влез на кафулиња треба потврда за вакцинација

За да влезете на терасите на кафулињата и рестораните од денеска треба да имате потврда за вакцинација. Во повеќето случаи тоа го бараа келнерите, но на влезот немаше редар, како што налагаат здравствените протоколи. На некои од терасите што ги посетивме во Скопје, никој не побара писмен или електронски документ дека сме имунизирани.

„Ве молиме, имаме работа! Добро. Ако сакате да ве послужиме, повелете седнете.

Дали ќе можете да ми служите? Да, повелете седете. Добро, благодарам“.

Во други случаи, вработените во објектите кога ќе ги видеа камерите се обидуваа да одржат ред. Како воспоставување контрола на влезовите во просториите, така и проверката на сертификатот за седнатите клиенти.

„Ве замолуваме сите бидејќи е задолжително. Другите не можат да влезат. Околу 20-30 луѓе денеска вративме, кои немаа потврда за вакцинација. Луѓето не разбираат, имаше и туристи од Косово кои не беа вакцинирани, но го прифатија фактот дека не можат да се услужат ако не се вакцинирани“.

Денес, исто така, стапи на сила целосната забрана за работа на затворени угостителски објекти, како што се салите за свадби, каде што епидемиолошките истражувања покажаа дека жаришта на инфекција за овој нов бран биле токму масовните семејни прослави. Изборот на клиентелата во угостителските капацитети е една од мерките за стимулирање на имунизацијата на населението, но и за спречување на ширењето на делта сојот на корона вирусот.

„Во кафулињата и рестораните на главниот плоштад во Скопје денеска, со спроведување на новите мерки, ништо не изгледа поинаку. Сите тераси на овие објекти се полни. Но, она што го видовме, не сите сопственици побараа сертификат за вакцинација против ковид “.

Лекарите се револтирани и сметаат дека мерките се задоцнети и последователно се враќаме на минатогодишните сценарија со отежнат здравствен систем. Микробиологот Никола Пановски остро ја критикува идејата дека угостителските објекти може да се посетат само со една доза вакцина, а уште помалку да се дозволи со ПЦР – тест.

Иако овие нови мерки започнаа да се спроведуваат денеска, утре се очекува да бидат усвоени и други мерки. За да влезете или излезете од земјава, покрај патните исправи, ќе се одлучи дали треба да имате потврда за вакцинација, или негативен ПЦР тест не постар од 72 часа или медицински документ дека сте го прележеле ковид – 19 во последните 45 дена. Ова се некои од препораките на Комисијата за заразни болести до Владата, која на утрешната седница се очекува да усвои нови мерки против ковид 19, како резултат на ескалација на епидемиолошката состојба во земјава.