Викендот ги олабави гужвите за вакцинација

Викендот ги олабави гужвите за вакцинација

Викендот го намали бројот на вакцинирани лица. Ддоека интервенираше и полицијата да се задржи редот за вакцинација, одредени пунктови за имунизација беа речиси празни. Граѓаните што ги анкетиравме на пунктот за имунизација во Ченто, рекоа дека не чекале повеќе од 10 минути за да бидат вакцинирани.

„Доаѓам од Арачиново, првпат се вакцинирам. Гледам дека бројот на заразени повторно почна да се зголемува, дефинитивно морав да дојдам и да се вакцинирам. Колку толку ќе ни е полесно. Се е во ред, чекавме само 10 минути“.

Доктор Виолета Симјановска рече дека сите возрасти се вакцинирани со АстраЗенека и Синовак. Но, според неа, помладите бараат фајзер вакцина.

За разлика од другите денови, на пунктот во Чаир денеска немаше чекање за вакцинација.

„Дефинитивно, кој може нека дојде, вчера беше хаос, денеска е добро. Кој може нека дојде, тоа е за заштита“.

„Треба да се вакцинираме, тоа е за нашето здравје, за нашите интереси“.

„За првата доза сме. Зошто одлучивте да се вакцинирате после толку време? Сега дојде ред да се вакцинирам. Децата ми се во странство, ова е нормално, за целиот свет, не е само за нас “.

Според податоците на Министерството за здравство, досега се дадени над еден милион вакцини.