За само пет дена бројот на активни случаи со Ковид-19 во земјава се удвои

За само пет дена бројот на активни случаи со Ковид-19 во земјава се удвои

Брзото ширење на варијантата делта десеткратно го зголеми бројот на активни случаи во август. Според инфектолозите, симптомите со варијантата делта се појавуваат главно за 3 дена. Активните случаи се „темпирани бомби“ бидејќи непочитувањето на мерките може дополнително да ја рашири болеста. Од ИЈЗ велат дека од илјада заболени на почетокот на август, сега има над 10 илјади активни случаи. 64% од нив се во Скопје, Тетово и Гостивар.

Институт за јавно здравје

  • 21 август – 10.380 активни случаи
  • 14 август – 5.043 активни случаи
  • 07 август – 1.618 активни случаи
  • 31 јули – 525 активни случаи

Од Министерството за здравство велат дека активните случаи може да не предизвикаат проблеми доколку се почитуваат мерките за заштита и решенијата за изолација за лицата кои имале контакт со заразени.
Во пикот на првиот бран имаше само 1.860 активни случаи, додека во јануари оваа година, што се сметаше за пик на вториот бран, во еден момент имаше максимум 16.231 болен. Иако во пикот на третиот бран вакцина против ковид имаа примено мал број граѓани, здравствениот систем успеа да ја запре кривата кога таа достигна 19.937 активни случаи.

 

Последни вести

Заман Македонија

ZAMAN.MK ©
1994 - 2020 - СИТЕ ПРАВА ЗАДРЖАНИ.
Забрането е преземање на содржина без претходна дозвола на редакцијата.