На Заев и Ципрас ќе им биде врачена Меѓународната награда за мир на Вестфалија

Преспанскиот Договор и решавањето на долгогодишниот спор за името им донесе ја донесе Мировната награда на Вестфалија на премиерот Заев и неговиот поранешен грчки колега Ципрас. Со окончувањето на спорот тие дадоа придонес и за стабилноста на Балканот, се вели во образложението за наградата.

-Се фокусиравте на целта, а не на притисокот. Токму такви треба да се преговорите кои се водени од принципи. Со тоа дадовте дел пример што е инспирација за иднината на Балканот и пошироко, рече организаторот ....

Премиерот Заев рече дека во текот на целите преговори двете страни инсистирале да не зборуваат за црвени линии бидејќи тие се ограничувачки. Договорот придонесе за членство во НАТО, а премиерот вели дека токму затоа Македонија внатре ја подобрила безбедноста и стабилноста, а со тоа во Балканот.

-Нашата втора стратешка цел е полноправно членство во Европската унија. Веруваме дека за Северна Македонија не постои алтернатива за интеграција во ЕУ, и ние сме сѐ уште сме на пат кон ЕУ! Евроатлантската иднина е поттик за економски раст: стимул за инвестиции, повеќе трговија, пристап до единствениот пазар на ЕУ, зголемена мобилност на луѓе, стоки и капитал, пониски кредитни стапки. Тоа ќе ни помогне да создадеме повеќе работни места и да спречиме одлив на мозоци а со тоа и ќе ги задржиме младите дома, рече Заев.

Ципрас вели, постигнат е договор кој ќе трае, а граѓаните на Македонија и Грција докажале проблемите можат да се решат мирно со помош на интернационлните закони. Но побара и поддршка од ЕУ.

-Европската унија мора активно да го поддржи Договорот од Преспа. Мора да направи се што е потребно за да се одржи Меѓувладината конфереција со Северна Македонија и Албанија, но и да направи прогрес во преговорите меѓу Белград и Приштина. Но исто такамора да се справи со конфликтите во поширокиот регион.

Мировната награда за 2020 двајцата политичари ја добија со една година задоцнување поради пандемијата од Ковид-19. Преспанскиот договор го промени уставното име на Македонија, а со тоа Грција го одблокираше влезот на земјава во НАТО.