Во првите два дена од пописот, попишани 136.773 лица, 41.478 домаќинства и 59.953 станови

Во првите два дена од пописот, попишани 136.773 лица, 41.478 домаќинства и 59.953 станови

Вкупно 136.773 лица, 41.478 домаќинства и 59.953 станови се попишани во првите два дена од пописот, информираат денеска од Државниот завод за статистика.

Можноста за самопопишување на лица во странство, до денеска во во 07:30 часот, ја искористиле – 191.890 лица.

Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, кој официјално започна завчера ќе трае до 30 септември.