Од 1 декември се забранува употребата на пластичните ќеси

Од 1 декември се забранува употребата на пластичните ќеси

Од 1 декември ќе стапи на сила забраната за пластични кеси. Сепак, биоразградливите ќеси и натаму ќе се продаваат во продавница, но по нова цена – од 15 денари. Сумата која ќе биде собрана ќе се префлува во специјален фонд за животна средина. Пластиката за еднократна употреба ќе биде забранета на Пелистер, Маврово, Шар Планина…

„Идејата за оваа мерка е за граѓаните да ги користат своите кеси, кои се за повеќекратна употреба, за да можат производителите да направат алтернативни еколошки пакувања од природен материјали. За првпат од 1 декември ќе се воведе забрана за пакување со пластика за една употреба во хотелски објект, во заштитни зони…“, рече министерот за животна средина Насер Нуредини.

А, пред стартот на грејната сезона, мерните станици низ земјава веќе покажуваат повисоко нивно на загаденост од нормалните граници. Ако лани не можевме да знаеме колкава е загаденоста на одредени локации бидејќи не работеа, сега во функција се сите мерни станици.

Ресорниот министер Нуредини вели дека аерозагадувањето од година в година се намалува. Но, проблем за кои се уште нема решение се дивите депонии. Во однос на тоа што никако не започнува реализација на регионалните центри за обработка на отпадот , кои подолго време се најавуваат, Нуредини вели дека стратегијата била готова, но процедурите се бавни. Во стратегијата е наведена изградба на централна депонија во Свети Николе, рехабилитација на Дрисла и на Русино, но кога ќе почнат и завршата овие активности никој не прогнозира.