Приведен дилер од Куманово, одземени кокаин, марихуана и околу 50.000 денари

Приведен дилер од Куманово, одземени кокаин, марихуана и околу 50.000 денари

Денеска (28.05.2022) во 10.00 часот полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода Н.Д. од Куманово.

Имено, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 6 опаковки со кокаин, две опаковки со марихуана и околу 50.000 денари.

Лицето е приведено во СВР Куманово, за случајот е известено Основното јавно обвинителство Куманово и по негово целосно документирање ќе следи соодветен поднесок.