Пендаровски со осуда за палењето на објектот на бугарскиот културниот центар во Битола

Пендаровски со осуда за палењето на објектот на бугарскиот културниот центар во Битола

Претседателот Стево Пендаровски на својот Фејсбук профил истакна остра осуда за палењето на објектот на културниот центар на бугарската заедница во Битола.

„Најостро го осудувам палењето на објектот на културниот центар на бугарската заедница во Битола. Ваквите чинови се провокација и не одат во прилог на унапредување на односите со Бугарија. Ги повикувам надлежните институции да спроведат брза и детална истрага, да ги преземат сите потребни мерки, да се откријат и санкционираат сторителите“, вели Пендаровски.