Грчки јаглен и мазут за справување со енергетската криза

Владата потпиша договор за непречено снабдување со јаглен и мазут од Грција во следните шест месеци за Тец Осломеј, Тец Битола и Тец Неготино. Премиерот Димитар Ковачевски го предводеше тимот во Атина каде беа потпишани договорите со владата на премиерот, Киријакос Мицотакис.

Премиерот најави дека се разговарало и за енергетска трансформација, како што е проектот за изградба на гасоводниот систем до Неготино преку интерконектор.

Премиерот најави дека конечно има понуда од грчка компанија за изградба на хидроцентралата „Чебрен“. Доколку го помине филтерот за оценување, до крајот на годината може да се очекува потпишување на договорот за овој енергетски капацитет, кој се очекува да биде најголем во регионални рамки.

Владата ги испитува и алтернативите за обезбедување електрична енергија од Бугарија.