Голем број лекари ја напуштиле Македонија – Сали: Во последните 10 години имавме масовно заминување

Голем број лекари ја напуштиле Македонија – Сали: Во последните 10 години имавме масовно заминување

Не само физичките работници, туку и лекарите ја напуштаат Северна Македонија во потрага по подобар живот. Во последните 10 години е забележано масовно заминување на лекари, вели министер за здравство Беким Сали.

„За жал во последните 10 години имавме масовно заминување на лекари од јавните здравствени установи…“, вели Беким Сали.

Сепак, додава дека во последно време имало постојани инвестиции, поради што заминувањето почнало да се намалува.

„Но, во последниве две години или изминатава година, забележуваме стагнирање на ваквата динамика на заминување… Главната причина за тоа е подобрување на финансиските услови за работа во јавните здравствени установи. Втората причина е постојаните инвестиции кои ги правиме и кои јавно ги промовираме“, посочи Беким Сали.

Надлежните власти во Северна Македонија немаат точна бројка – колку лекари ја напуштиле земјава. Но, од Лекарската комора велат дека во рок од 5 години вкупно 568 лекари побарале потврда дека против нив не се води никаква постапка пред Судот на честа при Лекарската комора. Оваа потврда им е потребна на сите оние кои одат на специјализација во странство, како и на оние кои заминуваат засекогаш.