Пожарoт над селото Војница во месноста викана „Говедарица“ во општина Чашка, стевен под контрола

Пожарoт над селото Војница во месноста викана „Говедарица“ во општина Чашка, стевен под контрола

Пожарот кој вчера попладне избувна над селото Војница во месноста викана „Говедарица“, е стевен под контрола. На терен сеуште контролираат и дежураат вработени од Шумското стопанство „Бабуна“ од Велес, информираат за МИА од Центарот за управување со кризи.

Од ЦУК појаснуваат дека во текот на ноќта поради високата влажност немало пламени јазици, само дим, поради што ја олеснило работата на екипите, огнот да го стават под контрола.

Во пожарот е зафатена шума од смрека и даб како и суви трња.

Како што информираат надлежните, според нивните првични сознанија како и за најголем дел од пожарите во земјава, причинител и за овој шумски пожар е човечкиот фактор.

 

Последни вести

Заман Македонија

ZAMAN.MK ©
1994 - 2020 - СИТЕ ПРАВА ЗАДРЖАНИ.
Забрането е преземање на содржина без претходна дозвола на редакцијата.