Средба на претседателот Пендаровски со претседателот на Еврејската заедница, Пепо Леви

Средба на претседателот Пендаровски со претседателот на Еврејската заедница, Пепо Леви

Претседателот Пендаровски на средбата беше информиран за активностите на Еврејската заедница во Македонија, за нивните ангажмани и идни планови, како и за нивната соработка со државните институции.

Претседателот Пендаровски ја изрази својата поддршка за активностите на Еврејската заедница и ја истакна неговата заложба за унапредување на соработката со нив, во контекст на зачувување и афирмирање на културата, традицијата и обичаите на македонските Евреи.

Соговорниците разменија мислења и информации за актуелните состојби во државата, при што го поздравија донесувањето на измените и дополнувањата на Законот за здруженија и фондации и на Законот за политичките партии, согласно кои се забранува називот и ознаките на политичките партии, здруженија и фондации да содржат симболи, зборови, кратенки, кои предизвикуваат расна или верска омраза или нетрпеливост, етничка нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстерминација, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, национал-социјализам и третиот рајх, или повикување на личности и настани од минатото поврзани со фашизам, нацизам, национал-социјализам и третиот рајх.

На средбата стана збор и за придонесот на Еврејската заедница во севкупниот развој и напредок на македонското општество.

 

Последни вести

Заман Македонија

ZAMAN.MK ©
1994 - 2020 - СИТЕ ПРАВА ЗАДРЖАНИ.
Забрането е преземање на содржина без претходна дозвола на редакцијата.