Рашковски: Дали обвинителката знае дека сме членка на НАТО?

Рашковски: Дали обвинителката знае дека сме членка на НАТО?

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) е една од институциите кои би биле во директен контакти еден од главните домашни соработници при заедничка акција на земјите членки на НАТО во некои специфични операции.

Во таква ситуација тие мора да се водат по правилата на НАТО. И не само тогаш, овие правила мора да се и минимум правила при водењето на другите истраги, затоа што Уставот така налага – меѓународните договори ратификувани во Собранието мора да се почитуваат.

За таа цел НАТО го има Центарот за извонредност на кооперативна сајбер безбедност на НАТО (ЦИ КСБ НАТО) која е меѓународна воена организација акредитирана во 2008 година од Северноатлантскиот совет на НАТО како „Центар за извонредност“. Лоциран во Талин, Естонија, Центарот во моментов е поддржан од Белгија, Бугарија, Канада, Хрватска, Чешка, Данска, Естонија, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Италија, Латвија, Литванија, Црна Гора, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Словачка, Словенија, Шпанија, Турција, Обединетото Кралство и САД како држави спонзори и од Австрија, Финска, Северна Кореја, Шведска и Швајцарија како учесници кои придонесуваат кон работата на Центарот.

Мисијата на ЦИ КСБ НАТО е да ги подобри капацитетот, соработката и споделувањето информации помеѓу НАТО, земјите-членки на НАТО и земјите партнери на НАТО во областа на сајбер одбраната врз основа на истражување, образование и консултации. Центарот има интердисциплинарен пристап ориентиран кон НАТО кон своите клучни активности, вклучувајќи академско истражување на избрани теми релевантни за сајбер областа од правни, политички, стратешки, доктринарни и/или технички перспективи, обезбедување образование и обука, организирање конференции, работилници и вежби за сајбер одбрана и нудење консултации по барање.

Наспроти тоа… во ОЈО ГОКК имате собче со шкафчиња за чување на дигитални докази, во кое собче на милост и немилост и кој како му дојде се послужува со истите, затоа што од август месец нема ангажиран информатичар.

НАТО стандардите налагаат дека: Прецизна документација на добиената опрема или податоци е предуслов за успешна кривична постапка. Доколку документацијата не успее или е недоволна, собраната опрема или податоци најверојатно нема да бидат допуштеми како доказ на суд. Кривичниот закон има строги правила за употреба на докази. Активностите преземени за обезбедување и собирање дигитални докази не треба да влијаат на интегритетот на тие докази.

НАСПРОТИ ТОА ИМАМЕ:

Во случаевите кои ми се мене познати нема никаква документација за тоа добиената опрема и податоци, ниту документација кој, кога и зошто располагал со таа опрема. Истата е оставена сама на себе, да не речам добива статус на напуштена без соодветен надзор ствар. Како епрувета со земен примерок од крв која е оставена во нечиста просторија.

Понатаму НАТО стандардите велат: По добивањето на опрема или податоци, единицата што ги добива истите е одговорна за оваа опрема или податоци додека не се предадат на овластени службеници. Имајќи предвид дека единицата ја спроведува операцијата под државна одговорност, државата е одговорна за секој недостаток во постапувањето со опремата. Тоа значи дека доколку опремата или складираните податоци се изгубат или се достапни за трети лица; државата ќе сноси одговорност и ќе одговара за побарувањата кои произлегуваат од загубата. Доколку податоците се копираат и споделуваат во тимот, како една од опциите за резервна копија на доказите, тие треба да се складираат на таков начин што ниту една друга страна нема да има пристап, на пр. со употреба на шифрирање или техники кои ќе ги уништат податоците во случај на неовластен пристап. Покрај можната одговорност во случај на загуба, спротивната страна би имала можност да идентификува кои информации се одземени и да преземе мерки кои би можеле да влијаат на тековните и идните операции.

НАМЕСТО ТОА ИМАМЕ

Уредите одземени од осомничените се чуваат ни повеќе ни помалку во шкафче без никаква форензичка изолација. Може ли да го замислите коментарот кој би го добиле кога нашите НАТО партнери би направиле евалуација на просториите на ОЈО ГОКК и шкафчето во кое се чуваат дигиталните докази? Може ли да го замислите изразот на лицето кога ќе дознаат дека дури и одржувачите на хигиена во собчето каде се чуваат дигиталните докази имаат пристап до истите?

НАТО стандардите ни велат: Постои разлика меѓу граѓанин и полиција или други официјални истражители. Полицијата, како државен чинител, е обврзана со законот за кривична постапка, кој има за цел да ги заштити граѓаните од моќта на државата. Доколку полицијата ги собрала доказите спротивно на законот, овие докази ќе бидат исклучени. Доколку, пак, доказите ги собира граѓанин, кој не е ограничен со заштитата предвидена со овој закон, доказите може да бидат прифатени.

НАСПРОТИ ТОА … имаме обвинител(к)и кои не само што не се водат по процедури, туку и самите се ставаат во улога на дигитални форензичари, најчесто дури и комично, пред камерите кои го снимаат судското рочиште изнесувајќи тези кои се спротивни на природните закони

Затоа ни се потребни стандарди. Не може да се брукаме заради поединци кои не научиле кои се предизвиците на 21 век и дека со своето нестручно постапување прават штета на имиџот на државата. Не се боревме за НАТО толку многу за тие да не брукаат“, пишува Рашковски.

 

Последни вести

Заман Македонија

ZAMAN.MK ©
1994 - 2020 - СИТЕ ПРАВА ЗАДРЖАНИ.
Забрането е преземање на содржина без претходна дозвола на редакцијата.