Тет-а-тет средба на Пендаровски и Штајнмајер

Претседателите на Северна Македонија и на Германија, Стево Пендаровски и Франк-Валтер Штајнмајер одржаа тет-а-тет средба, по што се одржа пленарен состанок на двете делегации.

Во фокусот на разговорите, како што соопшти Кабинетот на претседателот Пендаровски, беа севкупните билатерални односи, партнерството во НАТО и војната во Украина, текот на пристапните преговори и европската перспектива на Северна Македонија, како и можностите за јакнење на економската соработка и ублажување на последиците од енергетската криза.

Претседателот Пендаровски истакна дека посетата од страна на германскиот претседател во услови на променета геополитика, безбедносни закани и енергетски предизвици на европскиот континент, e потврда на нашето пријателство и цврстата подготвеност на Германија за поддршка на регионот.

Тој посочи дека Северна Македонија високо ја цени посветеноста на Германија во процесот на европската интеграција на земјава, развојот и реформската агенда и особено нејзината конструктивна улога во Берлинскиот процес.

 

Последни вести

Заман Македонија

ZAMAN.MK ©
1994 - 2020 - СИТЕ ПРАВА ЗАДРЖАНИ.
Забрането е преземање на содржина без претходна дозвола на редакцијата.