Приватните превозници со над 200 автобуси ги блокираа десните ленти во двата правца на улицата „Илинденска“, поточно од Владата до салата „Борис Трајковски“. Блокадата доаѓа по неуспехот да се изнајде решение меѓу превозниците и Град Скопје за отплата на долгот од околу 2 милиони евра.
Приватните превозници побарале средба со градоначалничката на Скопје Данела Арсовка, но останале без одговор. Велат дека мора да има решение, бидејќи состојба е многу сериозна, многу семејства се во опасност да останат без леб.
Превозниците велат дека не можат да и веруваат на Арсовска по повикот да се пријават на јавниот повик.
„Не знаеме каква е содржината, кои се условите. Жал ми е да кажам,дека невистини кажува. Сепак, мора да продолжиме, компактни сме, заедно сме и вашата иднина ќе биде заеднички.“, рече Исен Халили, приватен превозник.
Приватните превозници рекоа дека се подготвени да почнат со работа, но откако ќе им биде исплатен дел од долгот.
Доколку до недела навечер Градот Скопје не понуди решение за приватните превозници, тогаш од понеделник наутро со 200 приватни автобуси целосно ќе ги блокираат раскрсниците кај „Мавровка“, крстосницата кај Црвениот крст и улицата „Илинденска“.