Основиот суд во Струга, работи со преполовен капацитет

Основиот суд во Струга, работи со преполовен капацитет

Се продлабочува кризата во струшкиот основен суд во однос на недостатокот на судии.Старите заминуваат во пензија, а нов кадар не се прима.Правната фела од градот е загрижена за своите клиенти, за кои велат дека неможат да добијат навремена правда.

„Ние имаме предмети кои не можеме да ги решаваме и кои не можеме да ги почнеме.Во Струга се останати двајца граѓански судии кои на работа имаат по најмалку 500 предмети. 500 предмети вие неможете да ги прочитате,да ги разгледате, а не пак да ги пишуваат и да ги анализираат.Правдата доцни веќе.Досега во однос на роковите утврдени со законот,се почитуваше рокот, веќе почнува рокот да се пробива и со по 30, 50 дена и повеќе“, изјави Ардиан Демири-адвокат.

Од потребните 15 судии, струшкиот суд работи со само шест судии.Годинава со навршени 64 години ќе заминат во пензија двајца судии, а следната година уште еден.

„Премногу се оптоварени, премногу предмети се примени во работа, како од судиите што заминаа во пензија, така и нови што доаѓаат. Состојбата е навистина страшна и возменимирувачка.Судиите во овој суд работа и после работно време, остануват и прекувремено. Дури и дома земаат предмети во работа, што не е дозволено“, рече Ифет Бајрамоски-претседател на Основен суд Струга.

Адвокатот Демири вели дека една од главните причина за недостигот на судии е начинот на избор на судии во земјава, кој треба да претрпе измени.

 

Последни вести

Заман Македонија

ZAMAN.MK ©
1994 - 2020 - СИТЕ ПРАВА ЗАДРЖАНИ.
Забрането е преземање на содржина без претходна дозвола на редакцијата.