Град Скопје: Нема интерес на јавниот повик за извршување на јавниот превоз

Град Скопје: Нема интерес на јавниот повик за извршување на јавниот превоз

По истекување на рокот за пријавување на јавниот повик за приватните автобуски превозници за линиите 9,11 и 12, од Град Скопје за МИА информираат дека во недостиг на интерес за јавниот повик, Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје ќе продолжи со сопствен капацитет да го извршува јавниот превоз.

„За оваа година, со цел подобрување на услугите на јавниот превоз, планирано е и дополнително зголемување на капацитетите на ЈСП со нови автобуси“, велат од Град Скопје.

Вчера истече рокот за пријавување и на вториот јавен повик за приватните автобуски превозници за линиите 9, 11 и 12, каде што се бараа 28 автобуси и 59 возачи. Од Град Скопје за МИА велат дека останува да се види само евентуално доколку пристигне понуда по пошта. Јавното отворање на понудите, согласно јавниот повик, е закажано за 24 јануари во просториите на Градот.

 

 

Последни вести

Заман Македонија

ZAMAN.MK ©
1994 - 2020 - СИТЕ ПРАВА ЗАДРЖАНИ.
Забрането е преземање на содржина без претходна дозвола на редакцијата.