Поројни дождови и силни ветрови предизвикаа повеќе проблеми низ цела Грција, јавија локалните медиуми.
Вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева доби целосна поддршка од колегите од Вишеградската група и од Западен Балкан за побрза интеграција на регионот во ЕУ за време на бугарското претседателствување со Советот на Унијата.
Косовскиот Парламент денеска со мнозинство гласови за прв парламентарец го избра Кадри Весели, лидерот на Демократската партија.
Создавањето регионална економска зона која ќе го поттикне економскиот раст и ќе создаде нови работни места, е клучен приоритет за земјите од регионот, истакна еврокомесарот за соседска политика и проширување на ЕУ Јоханес Хан на неформалниот состанок на премиерите на...
Главниот и одговорниот уредник на романскиот весник „Романиа Либерта“, Сабин Орџан изјави дека весникот ја одбил понудата на турската амбасада за реклама во врска со 15. јули.
Бугарската Влада денеска го одобри Меморандумот за соработка меѓу министерствата за транспорт на Бугарија и на Македонија за развој на железничкиот сообраќај меѓу двете земји.
Иако сите држави на нивните пари користат портрети на лидери и херои од нивните матични земји, за прв пат во историјата на Гвинеја е употребуван лидер на странска држава во нивните банкноти.
Албанија и Македонија немаат отворени прашања и сакаат уште подобра соработка како единствен сигурен пат кон евроатлантските интеграции, истакнаа министрите за надворешни работи на двете земји, Дитмир Бушати и Никола Димитров, по денешната средба во Тирана.