Дури 70 отсто од вкупното количество на месо што се продава во албанскиот главен град потекнува од добиток за кој не е познато каде се коле, ниту во какви санитарни услови, изјави тиранскиот градоначаланик Ерион Велај.
Босна и Херцеговина и по 25 години од меѓународното признавање е етнички длабоко поделена држава во која нема единствен став на трите конститутивни народи за тоа кога во 1992 година и официјално почна војната во БиХ.
Грчките власти пронашле 2,5 милиони евра кои биле исчезнати од програма на Министерството за надворешни работи во 2008 година.
Конзервативната партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов освои најголем број пратенички места на вонредните парламентарни избори во Бугарија, одржани во неделата, соопшти денеска претседателката на бугарската Централна изборна комисија, Ивилина Алексиева, презентирајќи...
Италијанската полиција во градот Анкона заплани повеќе од два тона мархуана, откриени во камион кој во Италија пристигнал од Албанија.
Проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан би придонело за зачувување на мирот и стабилноста во регионот, порачаа од заедничката средба претседателите на Словенија и Полска, Борут Пахор и Анджеј Дуда и членот на Претседателството на Босна и Херцеговина,
Албанската полиција заплени ново рекордно количество марихуана, при акција во реонот на градот Скрапар, јави дописникот на МИА.
Албанските и косовските граѓани и понатаму се најбројни меѓу граѓаните од европските земји по бројот на баратели на азил во некоја од земјите членки на ЕУ.