Најмладата држава во Европа - Косово, денеска ја одбележува деветтата годишнина од осамостојувањето.
Грчките власти соопштија дека заплениле 1.300 килограми марихуана, чија вредност на црниот пазар изнесува 33 милиони евра, во камион кој пристигнал од Албанија.
Албанската полиција успеа да стави зад решетки четворица од шестмината разбојници, кои во четвртокот, во близина на меѓународниот аеродром во Тирана украдоа 2,7 милиони евра, банкарски средства кои требало да бидат транспортирани во Австрија.
Делегација на грчките земјоделци и одгледувачи на добиток утре во Атина ќе се сретнат со заменик претседателот на Владата, Јанис Драгасакис и претставници на министерствата за финансии, труд и за земјоделство.
Прв состанок на Комисијата за вистина и помирување на Косово, која ќе се занимава со прашања за судбината на сите исчезнати лица и помирување, беше одржан денеска во Приштина.
Грчките земјоделци од областа на Тесалија тргнаа со автобуси, автомобили и трактори кон Атина, со цел да учествуваат во утрешните протести.
Речиси 90 мигранти од 15-метарска јахта се спасени од страна на граничните патроли во Јадранското Море.
Судот во францускиот град Колмар за 2 март го одложи донесувањето на конечната одлука за барањето на Белград поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај, кој беше уапсен во Франција, да и биде предаден на Србија за да му се суди за...