Според податоците на српскиот Републички хидрометеоролошки завод утрово најстудено било во Сјеница, каде се измерени минус 27 степени, а потоа следат Лесковац со минус 25, Копаоник со минус 24 и Куршумљива со минус 23 степени.
Во последните два дена во Полска десет лица починаа од студ, а во Истанбул е прекинат воздушниот и водниот сообраќај.
Финализирана е уште една заедничка акција на албанската и италијанската почиција во која се запленети 510 килограни марихуана и уаспено едно лице, јави дописникот на МИА.
Појава на птичји грип (вирусот Х5Н1) е регистриран во североисточниот дел на Хрватска во близина на унгарската граница, јави ТАСС, повикувајќи се на Министерството за земјоделство на Хрватска.
Црногорските инспектори за криумчарење со наркотици во текот на оваа година, до 1 декември заплениле повеќе од два и пол тони дрога, во вредност од над осум милиони евра.
Грција ќе ги подобри условите во преполните бегалски кампови во земјата, пренесуваат британските медиуми.
Полицијата во албанскиот приморски град Валона заплени 1,5 тони марихуана,чија крајна дестинација била Италија.