Харадинај го поздрави потпишувањето на Протоколот за Македонија во НАТО

Харадинај го поздрави потпишувањето на Протоколот за Македонија во НАТО

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај го поздрави денешното потпишување во Брисел на Протоколот за пристапување на Македонија кон НАТО од страна на 29 членки на Алијансата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Харадинај на својата страница на Фејсбук го оцени овој чин како „голем чекор за целиот регион“.

– Го поздравувам потпишувањето на Протоколот за приемот на Северна Македонија во НАТО од страна на 29 членки. Повеќе НАТО во регионот значи повеќе безбедност, мир и стабилност. Голем чекор за целиот наш регион, кој придонесува за траен мир, напиша Харадинај. 

e-max.it: your social media marketing partner

Please publish modules in offcanvas position.