Албанија прогласи состојба на природна непогода

Албанската Влада прогласи состојба на природна непогода на целата територија на земјата во период од 30 дена.

Донесувањето на оваа одлука значи дека Владата и општините имаат законска обврска да ги компензираат сите граѓани погодени од природната непогода.

„Законот за цивилна заштита предвидува дека, во зависност од видот на вонредна состојба, владата треба да преземе мерки како што се: Назначување државни објекти за да им служат на граѓаните за засолниште, евакуација на граѓаните и сместување во во безбедни места. Владата и општините се законски должни да ги компензираат сите граѓани погодени од природни непогоди,пренесува Топ чанел телевизија.

Одлуката на Владата доаѓа две недели по појавата на коронаврусот во земјата, стапува во сила веднаш.

Заклучно со вчерашните објавени податоци во земјата од „Ковид-19“ заразени се 123 лица, десет од нив се излекувани, додека пет починале.

Претходно прогласување состојба на природна непогода побара опозициската Демократска партија, која експресно ја поздрави одлуката на Владата.

„Демократската партија ја поздравува одлуката за прогласување состојба на природна непогода пет дена по официјалното барање на опозицискиот лидер Љуљзим Баша,наведува партијата.

За денеска исто така претседателот Илир Мета најави онлајн седница на Советот за национална безбедност, на која поканет за учество е и лидерот на Демократската партија, Љуљзим Баша.

ВО АЛБАНИЈА БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИТЕ СО „КОВИД-19“ СЕ ЗГОЛЕМИ НА 146 ЛИЦА

SH 2d87d

Во изминатите 24 часа,во Албанија, дијагностицирани се 23 нови случаи со „Ковид-19“, со што вкупната бројка на заразени се зголеми на 146 лица.

-Во последните 24 часа, од вкупно тестираните 111 лица, потврдени се 23 нови случаи на „Ковид19“. Досега тестирани се 1.041 сомнителни случаи при што потврдени позитивнини се 146 лица. Со новите потврдени случаи се проширува мапата на погоди градови,со градот Круја. Во Инфективната клиника во Тирана хоспитализирани се 72 пациента. Од нив четворица се на интензивна терапија,додека тројца од нив се интубирани во тешка сосотојба, изјави заменик министерката за здравство Мира Ракацоли.

Најголем број од заболените се од Тирана или 83 лица, потоа од Фиер 14, Корча 11, Драч 9, Валона 5, Каваја, Лушња и Лежа по четири,Елбасан и Скадар по три,Рогожина и Хас по два, Берат и Круја по едно лице.

Ракацели инфомраше дека 17 од досега заразените се излекуванин но оти ќе мора да останат во домашна изолација уште 14 дена.

Таа уште еднаш упати апел до граѓаните строго да ги почитуваат препораките и ги замоли доколку сакаат одредена информација за коронавирусот да не одат веднаш во болница туку да се јават на посебната телефонска линија која служи и за хроничните болни.

Инаку, во Албанија до сега од коронавирус починаа пет лица.Четворица од нив боледувале и од други болести.

Please publish modules in offcanvas position.