Снегот го отежна сообраќајот во Албанија,блокирани и без струја планинските села

Обилните снежни врнежи кои ги имаше на целата терторија на Албанија предизвикаа проблеми во одвивањето на сообраќајот, многу планински села се завеани а во неколку подрачја поради искинати проводници прекинато е снабдувањето со електрична енергија.

Снежната дебелина е од 40 санметри во пониските делови до еден метар во планинските населени места,кои е целосно завеани,посебно во областите Гора во северниот дел и Голо Брдо во источниот дел на земјата.

Министерката за инфраструктура и енергетика Белинда Балаку изјави дека вработените од Управата за патишта се постојано на терен во одржување на проодноста на патиштата.

Проблеми во снабдувањето со електрична енергија има во повеќе делови меѓу кои Скадар, Тропоја, Фиер и Пешкопеја, поради што на терен се работници на Електродистрибуција,но поради непристапниот терен работата е отежната.