Силно невреме во Загреб, поплавени улици и згради

Загреб синоќа беше погоден од силна бура, која предизвика поплави во делови на главниот град на Хрватска.

Како што пренесува порталот Индекс, дождот во Загреб почнал да врне околу 21 часот, што набрзо прерасна во бура, проследена со силен ветер и молњи.

MK_90faf.jpg

Одделни трамвајски линии беа во прекин, голем број улици беа поплавени и поради тоа непроодни, а локалните власти им препорачаа на граѓаните да не се движат со автомобили.

Противпожарните и дежурните служби цела ноќ биле на терен. Тие извршиле над стотина интервенции, а при една од нив почина и пожарникар, кому му се слошило.

MK_fae58.jpg

Поплавени се и делови од трговски центри, а голем број возила останаа заглавени под подвозниците.

Од невреме во послаб обем беа погодени и северна Далмација и Истра.