Грција од сабота во целосен карантин

Грција од сабота во целосен карантин

Од сабота наутро Грција влегува во целосен, втор карантин во траење од три седмици, а отворени ќе останат градинките, забавиштата и основните училишта, објави катимерини.

Сите продавници за малопродажба ќе се затворат, а патувањето меѓу регионите ќе биде забрането. Властите повторно ќе воведат систем со кој граѓаните ќе бидат обврзани да испраќаат СМС-пораки до владата за да го напуштат домот, да купуваат, да посетуваат лекар или да вежбаат. Средните училишта ќе затворат и ќе воведат учење на далечина, додека градинките и основните училишта ќе останат отворени.

„Уште еднаш, решив да преземам мерки порано отколку подоцна“, рече Мицотакис во телевизиското обраќање до нацијата, додавајќи дека ги зема предвид советите од стручниот комитет што ја советува владата.

Последни вести

Заман Македонија

ZAMAN.MK ©
1994 - 2020 - СИТЕ ПРАВА ЗАДРЖАНИ.
Забрането е преземање на содржина без претходна дозвола на редакцијата.