Вакцинираните можат да влегуваат во Хрватска, признати се и руските и кинеските вакцини

Вакцинираните можат да влегуваат во Хрватска, признати се и руските и кинеските вакцини

Oние што се вакцинирани со две дози, вклучително и руските и кинеските вакцини и оние што го преболеле ковид-19 во последните шест месеци можат да влегуваат Хрватска.

Исто така се признава и брз антиген тест, кој е одобрен во ЕУ. „На ниво на ЕУ, во моментов нема заклучок за вакцините кои не се регистрирани во рамките на ЕУ. Кога ќе дојде на дневен ред, ќе се донесе заеднички став и тогаш ќе се прилагодиме на таа одлука. Дотогаш, што се однесува на Хрватска, важно е да се има примено вакцина, руска или кинеска, не е важно“, изјави министерот за внатрешни работи на Хрватска Давор Божиновиќ.