Во Бугарија почнува електронски попис, казни за оние коишто нема да се попишат

Во Бугарија почнува електронски попис, казни за оние коишто нема да се попишат

Почнува електронскиот попис во Бугарија, а од 18 септември до 3 октомври пописот ќе се спроведува на терен.

Оние што ќе одбијат да учествуваат во пописот ќе бидат казнети со 160 лева (80 евра). Националниот институт за статистика на Бугарија повикува што е можно повеќе луѓе да се пребројат по електронски пат поради проблемот со недостиг на попишувачи особено во големите градови и населби. Пописот ќе има прашања во врска со домот, енергетска ефикасност, за предмети во домаќинството, за образование, за етничка припадност.