Силно невреме во Далмација, дожд го „потопи“ Сплит, улиците како реки

Силни врнежи утрово се присутни во Далмација во Хрватска, а поради големата количина на дожд, улиците низ Сплит делуваат како реки. Повремено паѓа и град.

Од полноќ до утрово наврнаа 47 литра на метар кубен. Голем дел од градските улици низ сплит е поплавен.

Временската прогноза вели дека врнежите ќе продолжат и во текот на денот, а хидрометеролошкиот завод веќе издаде предупредување граѓаните да не излегуваат без потреба.