Во Косово приведени членови на ИД кои планирале напади низ Балканот

Во Косово приведени членови на ИД кои планирале напади низ Балканот

Седуммина осомничени припадници на терористичката групација Исламска држава (ИД), се приведени во три градови во Косово во рамки на операција на антитерористичка полиција спроведена во петокот, соопшти денеска косовското Јавно обвинителство.

Според Обвинителството, приведените се осомничени дека планирале да извршат напади на Балканот врз основа на инструкции добиени од Сирија.

- Осомничените планирале терористички напади во Косово и на Балканот. Планирале напади врз различни институции, меѓу кои и безбедносни. Други осомничени од истата гупа се уште се на слобода, се додава во соопштението.

Како што јави Танјуг, седумтемина приведени одржувале контакти и со лица во Албанија и во Македонија.

Последни вести

Заман Македонија

ZAMAN.MK ©
1994 - 2020 - СИТЕ ПРАВА ЗАДРЖАНИ.
Забрането е преземање на содржина без претходна дозвола на редакцијата.