Стејт департментот разочаран што Вучиќ и Курти не постигнаа договор

Стејт департментот разочаран што Вучиќ и Курти не постигнаа договор

САД се разочарани што лидерите на Србија и Косово не успеаја да се договорат за решение за спорот со регистарските таблици, изјави портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс, по вчерашните неуспешни преговори помеѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти.

Во соопштението од Прајс се порачува дека Курти и Вучиќ треба да направат отстапки за да не биде загрозен деценискиот мир во и онака кревкиот регион.

„Го повикуваме премиерот Курти да соработува со високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ Мирослав Лајчак како би се постигнал правичен компромис“, пишува во соопштението.

Прајс наведува дека САД се приклучуваат на повиците на ЕУ до Косово веднаш да ги откаже планираните мерки што би довеле до ескалација на тензиите, меѓу кои и казните за возачите кои српските таблици не ги замениле со косовски.

„Двете страни треба да се воздржат од преземање провокативни чекори, да ги исполнат своите обврски во рамки на дијалогот што го води ЕУ и конструктивно да се ангажираат за изнаоѓање одржливо решени“, наведува Прајс.

 

Последни вести

Заман Македонија

ZAMAN.MK ©
1994 - 2020 - СИТЕ ПРАВА ЗАДРЖАНИ.
Забрането е преземање на содржина без претходна дозвола на редакцијата.