Косово и Албанија, заедно на 110-годишнината од прогласувањето на независноста

Косово и Албанија, заедно на 110-годишнината од прогласувањето на независноста

Денот на знамето ги собра властите на Албанија и Косово, во Валона. 

На церемонијата на подигнување на знамето, по повод 110-годишнината од прогласувањето на независноста учествуваа претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, претседателката на Косово, Вјоса Османи, премиерот на Албанија Еди Рама и премиерот на Косово, Албин Курти. Бегај рече дека Албанија треба да биде гласот на Косово на меѓународната арена и поддржувач, во нејзиното евроатлантско патување.

„Албанија има обврска да го зајакне албанскиот фактор во регионот и нивниот просперитет, каде и да живеат тие, во Косово, Северна Македонија, Црна Гора, Прешевската Долина и во дијаспората. Тоа е уставна и национална обврска“, рече Бегај.

По церемонијата, тие прошетаа низ улиците на Валона, а потоа застанаа на плоштадот во близина на градското собрание. Нив ги пречекаа стотина граѓани на Валона, кои излегоа да го прослават овој значаен ден.

Покрај лидерите, стотици други граѓани од Косово и други албански територии отпатуваа во Валона и Тирана, за да ја прослават 110-годишнината од независноста на Албанија.

„Изгледа неверојатно, има промени кои не импресионираа. Важно е да се слави празникот и да се учествува на овој празник“.

„Дојдов да ја исполнам желбата на ќерката, затоа што сакаше да биде тука за 110-годишнината“, рекоа жителите.

Албанците во Косово на 28 ноември имаат троен празник. Политичките претставници и илјадници граѓани оддадоа почит во Преказ. Освен Денот на знамето, Албанците го одбележуваат и роденденот на Адем Јашари и излегувањето за првпат на ОВК на сцената.

Бројни манифестации се одржаа и на плоштадот во Приштина и другите градови на Косово.

Националното знаме се крена и во Прешево.

 

Последни вести

Заман Македонија

ZAMAN.MK ©
1994 - 2020 - СИТЕ ПРАВА ЗАДРЖАНИ.
Забрането е преземање на содржина без претходна дозвола на редакцијата.